Стипендии од ЕВН за студенти на УГД

Врз основа на потпишаната Спогодба за соработка меѓу ЕВН Македонија АД, Скопје од една страна и Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип  од друга страна се распишува конкурс за доделување стипендија за студентите на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, електротехнички факултет.

Со стипендирање на 1 (еден)  студент , ЕВН Македонија ќе даде свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и на квалитетни кадри од областа на енергетиката, и воедно ќе им се даде стимул на идните студенти за запишување на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип .
Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студентите запишани првпат, во I-ва, II-ра, III-та и  IV-та година, во учебната 2016/2017 година на Електротехнички факултет.

Стипендијата е во висина од 6.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Изборот и селекцијата на кандидатите ќе го изврши Комисија за стипендирање.

Обврски на корисникот на стипендијата:

  • да достави потврда за редовен студент запишан во тековната година;
  • да достави Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
  • студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8.0, во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија и се обврзува да го врати примениот износ на компанијата со која го склучил Договорот за стипендирање;
  • други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.

Начин на аплицирање:
Заинтересираните студенти е потребно:

  • Да потполнат  aпликација/прашалник подготвен од страна на ЕВН Македонија АД,Скопје
  • Да подготват мотивациско писмо

Документите се поднесуваат до Архивата на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип најдоцна до 30.04.2017 од 12:00 часот.

Напишете коментар