За време на теренската настава, најголем впечаток ми оставија ветерниот парк во Богданци и ХЕЦ „Вруток“

Во моментот кога ги посетивме дуваше ветер со поголема јачина и сите ветерници беа во функција. Со помош на тамошниот инжинер практично го видовме процесот на производство на електрична енергија и имавме можност да влеземе и во самиот столб на ветерницата што ми остави посебен впечаток.

Едно од нештата што ме натера за да го издвоја ХЕЦ „Вруток“ е самото тоа што е најголема хидроелектрична централа во Р. Македонија како и тоа што е под земја и конструкцијата со вештачките светла што го даваат амбиентот дека е над земја.

Во рамките на електраната ги видовме генераторите со пречник од 4,5m како и генераторот кој се користи при распад на мрежата (black start) со цел повторно нејзина стабилизација. Карактеристично беше и високиот пад на водата од над 500m со што овозможува големот производство на електрична енергија. Исто така Вруток е една од ретките големи хидроцентрали во Македонија која користи Пелтон турбини. Секоја електрана што ја посетивме си има свои специфичности и крактеристики, но овие ми оставија посебен впечаток.

Трајче Ордев, Студент од III година при Електротехнички факултет- Штип