За факултетот

Работата на Електротехничкиот факултетот е организирана во три катедри: Катедра за индустриска електроника и автоматика, Катедра за електрични мерења и стандарди и Катедра за индустриски процесни компјутери. Студентот за време на студиите има можност да се вклучи во научноистражувачка работа, преку изработка на проектна задача или семинарски труд по разни предмети и со изработка на дипломски труд. Факултетот ги поддржува студентите на разни начини, при организирање на настани (студентски конференции и други манифестации) и при вмрежување за размена и мобилност со други високообразовни институции од земјава и во светот.

Декан
Проф. д-р Татјана Атанасова Пачемска
E-mail:tatjana.pacemska@ugd.edu.mk
Телефон: +389 32 550 650

 

Продекан
Проф. д-р Гоце Стефанов
E-mail: goce.stefanov@ugd.edu.mk
Телефон: +389 32 550 657