ЕВН Македонија АД, Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за студенти од Енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии, Техничкиот Факултет - Битола и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип кои во рамките на семејството имаат месечни приходи помали од 29.000 денари.

Оваа година ќе бидат доделени 10 (десет) стипендии на студенти кои во учебната 2020/2021 се запишуваат по првпат во I, II, III и IV година на енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии - Скопје, Техничкиот Факултет - Битола и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Обврски на корисникот на стипендијата:

  • Да ја завршува годината во рок
  • Да има положено најмалку 70% од испитите од претходните години за продолжување на стипендијата
  • Да извршува пракса во траење од најмалку 30 дена во текот на годината во ЕВН Македонија АД Скопје, односно во Друштвата во кои ЕВН Македонија е единствен содружник и основач

 Потребни документи за аплицирање:

  • Кратка биографија
  • Потврда за редовeн студент
  • Потврда дека месечните приходи во рамките на семејството не се поголеми од 29.000,00 ден
  • Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга институција или компанија
  • Есеј на тема „Мојата иднина како електро-инженер“

Сите потребни документи испратeтe ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  најдоцна до 30.09.2020

 

 

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 32 550 071    
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Данче Гркова
Телефон: +389 32 550 033
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Весна Конзулова
Телефон: +389 32 550 662
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.