Врз основа на потпишаната Спогодба за соработка меѓу ЕВН Македонија АД, Скопје од една страна и Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип  од друга страна се распишува конкурс за доделување стипендија за студентите на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, електротехнички факултет.

Со стипендирање на 1 (еден)  студент, ЕВН Македонија ќе даде свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и на квалитетни кадри од областа на енергетиката, и воедно ќе им се даде стимул на идните студенти за запишување на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип .

Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студентите запишани првпат, во I-ва или III-та година, во учебната 2019/2020 година на Електротехнички факултет.

Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Изборот и селекцијата на кандидатите ќе го изврши Комисија за стипендирање.

Обврски на корисникот на стипендијата:

  • Да достави потврда за редовен студент запишан во тековната година;
  • Да достави Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
  • Студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8.0;
  • Други обврски пропишани во Договорот за стипендирање. 

Начин на аплицирање:

Заинтересираните студенти е потребно:

  • Да потполнат aпликација/прашалник подготвен од страна на ЕВН Македонија АД, Скопје
  • Да подготват Есеј на тема „Мојата иднина како електро инженер“

Сите потребни документи треба да се достават на  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..најдоцна до 15.09.2020.

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 32 550 071    
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Данче Гркова
Телефон: +389 32 550 033
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Весна Конзулова
Телефон: +389 32 550 662
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.