Предавање и презентација на тема „EU Funding Opportunities and Networking: Project proposals and Management” пред вработените на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип одржа проф. д-р Грегорис Макридес од Универзитетот во Никозија – Кипар.

Проф. д-р Макридес е претседател на Европската асоцијација на Еразмус координатори и на Европската канцеларија за кариера.

Според Макридес, преку овие фондови и проекти се отвора можноста за пристап на универзитетите во можностите за вмрежување и примена на одредени иновации кои ги промовираат овие организации. Гостинот од Универзитетот во Никозија се сретна и со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев:

- Средбата со ректорот е позитивна и тој сака да инвестира во вмрежувањето. Ние нудиме помош во тој поглед, како да се вмрежи УГД со други универзитети во Европа, и ќе помогнеме и во поглед на изготвување на програма за оформување на тим за соработка во поглед на европските фондови, како и за тренинг и обука на кадри од УГД - изјави проф. д-р Грегорис Макридес.

- Нашиот гостин е дел од нашите партнери во проектот „Математичка дебата“ кој официјално стартуваше на 1 декември 2016 година, поддржан од Еразмус програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.  Нашата цел е пред колегите од УГД да говориме за подобро искористување на европските програми и фондови, не само од Еразмус, туку и од другите програми кои ги нуди Европската комисија, како што се Хоризонт 20 20 за истражување, програмата за културна размена, можностите за вмрежување меѓу универзитетите, со цел нашата меѓународна видливост како универзитет и како истражувачи да биде зголемена - изјави деканката на Електротехнички факултет, проф. д-р Татјана Пачемска.

Предавањата што ќе ги има професорот Макридес ќе продолжат и на 24 и 25 јануари, а се одржуваат во конгресната сала на Правниот факултет во Штип.

 

Технички секретар

Елвира Ристова
Тел: +389 032 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија

Студентски прашања

Сања Ристова
Тел: +389 32 550 083
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Игор Ефтимов
Телефон: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.