|
Фирмата National Instruments од САД, по покана од деканот на Електротехнички факултет, ги презентираше технолошките новитети поврзани со уредите за аквизиција на податоци и нивна примена во различни индустриски гранки и сервиси. Презентацијата се одржа во рамките на семинарот на тема „Аквизиција на податоци“, а го водеше г. Андреј Дрозг од претставништвото на National Instruments за Југоисточна Европа. На семинарот учествуваа асистенти и соработници, студенти од Електротехничкиот факултет, како и претставници од бизнис заедницата во регионот. |