Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу АД ЕСМ и Електротехничкиот Факултет - Штип при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, се распишува КОНКУРС за доделување 3 стипендии за студентите на Електротехнички Факултет - Штип.

  • Право на учество имаат сите запишани студенти кои ги исполнуваат следните  критериуми:
  • да е редовен студент запишан на прв циклус студии по првпат, во прв или трет семестар во учебната 2019/2020 година;
  • просечната оценка на студентот (до датумот на аплицирање)  да не е помала од 8.0;
  • студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
  • студентот да е државјанин на Република Северна Македонија;

Изборот и селекцијата на кандидатите го врши Комисија за стипендирање составена од 3 (три) члена и тоа: 2 (два) члена од редот на вработените во АД ЕСМ и 1 (еден) член од  Електротехничкиот Факултетот - Штип.
Селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе биде направена врз основа на остварениот просечен успех на студентот до датумот на аплицирање, освоените поени при упис на факултет и резултатите од реализираното интервју, кое ке го врши комисијата составена од два претставници од АД ЕСМ и еден претставник од факултетот согласно следната методологија:

  • освоени поени од остварениот просечен успех на студентот до датумот на аплицирање, најмногу 70 поени;
  • освоените поени при упис на факултетот, најмногу 25 поени;
  • резултати од реализираното интервју, најмногу 5 поени.

Висината на стипендијата изнесува 8.000,00 денари месечно и ќе се доделува за времетрање од 10 (десет) месеци годишно, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските од страна на студентите пропишани со Договорот за стипендирање.

Со избраниот кандидат ќе се потпише Договор за стипендирање.

Кандидатите на кои ќе им биде доделена стипендија имаат обврска студиската година да ја завршат во рок и со просек не помал од 8, во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија и се обврзува да го врати примениот износ на компанијата со која го склучил Договорот за стипендирање и други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.

Потребна документација за аплицирање:

  • Пополнета апликација /прашалник подготвен од страна на АД ЕСМ;
  • Мотивациско писмо;
  • Потврда за редовно запишан студент;
  • Уверение за положени испити како и за реализиран просек и реализирани кредити (до датумот на аплицирање);
  • Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија потпишана и од солидарен гарант;
  • Копија од уверение за државјанство  на Република Северна Македонија.

Апликацијата/прашалникот е објавена на интернет-страницата на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Електротехнички Факултет - Штип: http://etf.edu.mk/.

Начин на аплицирање:

Апликација - (.pdf) (.doc)

Документите се поднесуваат во Архивата на Електротехничкиот Факултетот - Штип (во Деканатот) или по пошта на адреса:

Универзитетот Гоце Делчев-Штип,
Електротехнички Факултет - Штип, Кампус 2
ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А,
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

-во периодот од 02.11.2020 до 16.11.2020 година

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Данче Гркова
Телефон: +389 32 550 033
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Весна Конзулова
Телефон: +389 32 550 662
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.