Search

Студиски програми

Студирајте на Електротехнички факултет - Штип

Електротехничкиот факултет нуди квалитетна едукација на прв и втор циклус на студии, заснована на современи европски и светски образовни стандарди, најдобри практики и актуелни научни сознанија. Во согласност со мисијата за создавање високообразовани инженери подготвени да одговорат на современите технолошки и индустриски предизвици, студиските програми се внимателно конципирани така што обезбедуваат силна теоретска основа, практични знаења и развој на инженерски вештини. Програмите се дизајнирани да овозможат препознатливост и споредливост на предметите и стекнатите компетенции, како во рамките на државата, така и на меѓународно ниво.

На тој начин студентите се стекнуваат со диплома која е меѓународно призната и која отвора широки можности за вработување и професионален развој. Особено значајно е што во текот на студиите студентите развиваат знаења и вештини кои се универзални, применливи во различни технолошки и индустриски области и валидни на глобално ниво. Со ваков пристап, факултетот придонесува кон создавање современи инженери кои можат успешно да се интегрираат во домашната и меѓународната индустрија, како и да учествуваат во развојот на нови технологии и иновативни решенија.