Студиски програми акредитирани во 2017/2018/2019 година 

  • Студиската програма Мехатроника и роботика е составена од:

    Мехатроника и роботика (.pdf)

    - Мехатроника и ророботика им обезбедува на студентите развој на технички вештини како и проучување на фундаменталните и применети знаења од областа на електротeхника но исто така и разбирање на новите технологии како и комбинирање на знаења и вештини од повеќе технички дисциплини  што допринесува кон оформување на експертски кадар од една современа област која е во подем, и чии што развој е високо на листата на приоритети како во земјата така и во светот .

    -  Современите услови на производство наметнуваат потреба од стручен и обучен кадар токму од областа на мехатрониката како интердисиплинарана студиска програма која во себе обединува аспекти од електротехника, електроника, автоматика, машинско инжинерство и информациони технологии и му овозможува на стручниот кадар после нејзиното завршување да се носи со предизвиците на новите и современи технологии.

    Зашто да ја одберете студиската програма  мехатроника и роботика?

    • Програмата е наменета за профилирање на високостручен технички образуван кадар од специфична интердисциплинарна област која е многу ценета и барана во современите индустриски и процесни погони. Студиската програма е компатибилна со Факултетот за електотехника и информациони технологии во Цирих.
    • Затоа што Вашиот професионален развој е подржуван и стипендиран од најголемите електроенергетски компании во земјата.
    • Затоа што може да се вклучите во програми за практиканти кои се спроведуваат во голем број на компании на годишно ниво.
    • Студиската програма обезбедува развој на вештини за критичко и проблемско размислување кои во голема мера се равиваат преку изработка на студенски проекти врзани со решавање практични проблеми.
    • Затоа што станувате експерт во една дисциплина која обезбедува вработување ширум светот.
    • Затоа што светот е во екот на новата индустриска револуција (позната како четврта индустриска револуција ) Industry 4.0 , чија основна цел е токму комбинирање на поголем број на технички аспекти во еден производствен процес , а сето тоа под раководство на информационите системи, автоматиката и интелигентните уреди.
    • Затоа што токму со завршувањето оваа студиска програма сте спремни да одговорите на предизвиците на новото време, наметнати од се поголемата присутност на автоматиката, дигиталната електроника и информационите системи во сите аспекти на работата и живеењето.

  • Студиската програма Автоматика и системско инженерство е составена од:

    Автоматика и системско инженерство (.pdf)

    • Основни предмети потребни за секој иден иженер по електротехника
    • Предмети кои се од областа на автоматиката и системското инженерство.

    Автоматиката е мултидисциплинарна област и претставува хибрид од повеќе области: електротехника, електроника, компјутерски техники и инженерство. Оваа студиска програма ги вклучува следните предмети поврзани со:

    • Поставување на барања и критериуми за функционирање на систем за управување со проток на материја,информација, енергија .
    • Истражување, развој и примена на методите за обработка на информации во системите за автоматско управување.
    • Развој, дизајн и имплементација на хардверски компоненти и софтвер за компјутерска контрола на техничките системи
    • Истражување, развој и дизајн на системи за делечинско управување и контрола на квалитет во индустриското производство .

    Студентите кои ќе ја изберат оваа студиска програма ќе се здобијат со практични вештини и знаења од:

    • автоматизација на индустриски процеси,
    • компјутерски-информациски технологии,
    • роботика, моделирање и симулации, и
    • компјутерски алатки во електро инженерството.

    Дипломираните инженери од оваа студиска програма се оспособени за работа како:

    • инженери за техничка анализа, проектирање и ревизија на автоматизирани погони,
    • компјутерско водење на процеси,
    • далечинско и автоматско управување, и како
    • експертски хардверски и софтверски инженери во различни образовни и академски институции.

  • Студиската програма Електроенергетика и обновливи извори на енергија е составена од:

    Електроенергетика и обновливи извори на енергија (.pdf)

    - Фундаментални предмети потребни за секој дипломиран инжинер по електротехника

    - Предмети кои им овозможуваат на студентите подлабоко знаење од областа на електроенергетиката, вклучувајќи производство, пренос  и  дистрибуција на електричната енергија како и нејзина конверзија во механичка енергија.

    - Предмети кои им даваат знаења и вештини на студентите од областа на обновливите извори на енергија со што идниот дипломиран инжинер по електротехника стекнува вештини кои му овозможуваат  вклопување во современти трендови на развој на електроенергетиката или пак му овозможуваат вклучување во креирањето на електроенергетските политики.

    Зашто да ја одберете студиската програма  Електроенергетика и обновливи извори?

    • Затоа што е современа програма која покрај фундаменталните знаења од електротехника ќе Ви даде вештини и знаења од новите трендови во електроенергетика како што се пазарите и трговијата со електрична енергија, раководење со проекти или пак проектирање и развој на обновливи извори на енергија.
    • Затоа што Вашиот професионален развој е подржуван и стипендиран од најголемите електроенергетски компании во земјата.
    • Затоа што може да се вклучите во програми за практиканти кои се спроведуваат во голем број на компании на годишно ниво.
    • Затоа што преку теренска настава ќе се обидеме да ја доближиме елктроенергетиката до Вас .
    • Затоа што станувате експерт во една дисциплина која обезбедува вработување ширум светот.

Информатор 2017/2018 г.


Студиски програми акредитирани во 2012 година


Секретар

Даниела Свиркова
Тел: +389 32 550 650
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 32 550 071    
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Данче Гркова
Телефон: +389 32 550 033
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Радовиш
Весна Конзулова
Телефон: +389 32 550 662
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.