Во периодот од 5 до 7 октомври 2025 година во Охрид се одржа 13. по ред Меѓународно советување МАКО-СИГРЕ – 2025, под покровителство на Комитетот на Северна Македонија во СИГРЕ, кој претставува Национален комитет за големи електроенергетски системи и мрежи.

На ова реномирано биенално советување, најголемо од ваков вид во нашата земја, беа презентирани преку 130 стручни и научни трудови од сите области на електротехниката. Трудовите класифицирани во 16 подобласти организирани според предметот на истражување, покривајќи ја речиси целосно електротехничката индустрија, од вртливи електрични машини, трансформатори и останата високонапонска опрема, кабли и надземни водови, па сѐ до развој на електроенергетскиот систем, негово функционирање и управување, како и современи теми од областа на пазари на електрична енергија, регулатива, дисперзирано производство, информациони системи,  телекомуникации и заштита на животната средина од енергетското влијание.

На ова советување учествуваше и Електротехнички факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип преку презентација на оригинален стручен труд под наслов „Далечинско следење на параметрите и потрошувачката на електрична енергија кај дигиталните броила со користење на RF мрежа и Интернет“ од авторите проф. д-р Гоце Стефанов и проф. д-р Влатко Чингоски.

Презентацијата наиде на голем интерес, особено кај претставниците на дистрибутивните компании и снабдувачите со електрична енергија. Основа цел и намена на трудот беше да се прикаже иновативен пристап за далечинско следењето на параметрите и мерење на потрошувачката на електрична енергија без човечко присуство. Со користење на овој електронски систем базиран на употреба на паметни енергетски броила, RF (радиофреквентна) мрежа и Интернет, овозможено е далечинско отчитување на потрошената електрична енергија, со што целосно се елиминира можноста за манипулација со броилата, се постигнува брзо, ефикасно и точно мерење на потрошената електрична енергија, намалување на работната сила и физичката активност за навремено отчитување на броилата и се отвора можност за анализа на потрошувачката на  енергија по корисници и кориснички групи.

Основна придобивка на системот е неговата флексибилност, односно само со додавање на телекомуникацискиот модул и без замена на постојните паметни броила со нови броила кои можат, исто така, далечински да се контролираат, но се исклучително скапи, може да се реализираат истите придобивки. Дополнително, предложениот мерен и комуникациски систем е универзален и може да се користи и за други индустриски процеси, каде што е потребно далечинско следење на параметри од индустрискиот процес, како на пример температура, влажност, ниво на загадување (PPM2,5 и PPM10 честички, CO2 и сл.).

Од посебно значење е помеѓу предавачите на ова Советување имаше многу млад инженерски кадар со свои стручни трудови. Помеѓу нив учество со свои трудови имаа и неколку дипломирани студенти од Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип кои сега како млади инженери во домашните електроенергетски компании успешно го имплементираат своето стекнато знаење и веќе се забележани како квалитетен кадар. Од Електротехничкиот факултет истакнуваат дека  очекуваат дека и понатаму студентите активно ќе учествуваат на ова и на слични вакви советувања во земјава и во странство и на тој начин ќе се промовираат себеси како перспективен инженерски кадар и воедно ќе ги промовираат Електротехничкиот факултет и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

 

Основна шема на предложениот електронски систем за далечинско следење на процесни податоци и мерења

 

 

Технички секретар

Елвира Ристова
Тел: +389 032 550 900
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија

Студентски прашања

Сања Ристова
Тел: +389 32 550 083
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Секретар

Игор Ефтимов
Телефон: +389 32 550 337
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu