Home
Врз основа на потпишаната Спогодба за соработка меѓу ЕВН Македонија АД, Скопје од една страна и Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип од друга страна се распишува конкурс за доделување стипендија за студентите на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Електротехнички факултет.
Со стипендирање на 1 (еден) студент, ЕВН Македонија ќе даде свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручен и на квалитетен кадар од областа на енергетиката, и воедно ќе им се даде стимул на идните студенти за запишување на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип .
Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студентите запишани прв пат, во прв или трет семестар, во студиска 2020/2021 година на Електротехничкиот факултет.
Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од обврските пропишани во Договорот за стипендирање.
Изборот и селекцијата на кандидатите ќе го изврши Комисија за стипендирање.
Обврски на корисникот на стипендијата:
- Да достави потврда за редовен студент запишан во зимски семестар за студиската 2021/2022;
- Да достави уверение за положени испити до датумот на аплицирање,
- Да достави изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
- Да достви изјава за обработка и користење на лични податоци на кандидатот и неговото потесно семејство
- Студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8.0;
- Други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.
Начин на аплицирање:
Заинтересираните студенти е потребно:
- Да потполнат aпликација/прашалник подготвен од страна на ЕВН Македонија АД,Скопје
- Да подготват Есеј на тема „Мојата иднина како електро инженер“
Сите потребни документи треба да се испратат на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдоцна до 15.10.2021.
Напомена: големината на мејлот треба да е мах. до 4 MB, ако мејлот е поголем од 4 MB, документите испратете ги во 2 посебни мејла
