Учесниците на Неделата на математичко моделирање, во организација на Технолошко-техничкиот и Електротехничкиот факултет на УГД, дел од предвидените активности ги реализираа на Институтот за роботика при компанијата „Микросам“.

Покрај посетата на Институтот и запознавањето со работата на истиот, учесниците работеа на практични задачи. Сопственикот на „Микросам“, Благоја Самакоски, ги сподели искуствата од работењето на компанијата, како и значењето на соработката на бизнисот и образованието, поради што и компанијата има своја Академија, а и негува интензивна и успешна соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“.

- Во склоп на настанот на УГД и како потврда на нашата долгорочна соработка којашто нашиот Институт ја има со УГД, нашиот Институт зеде учество преку нашите професори и докторанди, а во исто време овозможивме и еднодневна посета на домашните и странските студенти и професори да можат да дојдат и да ги посетат нашите лаборатории и да ги видат во реалност сите овие проблеми и развој на технологии за кои претходните денови работеа во теоретскиот дел. Со ова ние само ја покажуваме нашата заложба што ја имаме како Институт и како компанија, да помогнеме на секаков начин да го подигнеме научното и технолошкото ниво во нашата држава и, се разбира, ова е начин за промоција на нашата држава и нашите компании во светот. Врската помеѓу бизнис секторот и образованието е многу голема и значајна. Ние како Институт се трудиме да бидеме блиску до бизнис секторот, но од друга страна и да нудиме можности за дообразование и усовршување во одредени полиња и да им помогнеме на идните кандидати овде, во оваа држава, да го затворат тој круг во полето на композитни материјали и роботика – почнувајќи од Технолошко-техничкиот факултет на УГД овде во Прилеп, каде што може да се студира, па да се продолжи на постдипломски студии кај нас на Институтот и на заедничките докторски студии – изјави Драган Велјаноски, директор на Институтот за современи композити и роботика – Прилеп.

Деканката на Технолошко-техничкиот факултет, проф. д-р Винета Сребренкоска, истакна дека Институтот за современи композити и роботика и компанијата „Микросам“ се голема поддршка.

- Ни дозволија да можеме да работиме на дел од реални индустриски проблеми и студентите да можат да видат кои се тие реални ситуации за кои разговараме во теорија. Учесниците во првите денови беа запознаени со проблемите, а сега Институтот ни отвори врати за да можат да видат што се случува, на што и како работат Институтот и компанијата „Микросам“, со цел да имаат поголема осетливост кон оптимизацијата на процесите и процесните параметри на кои тие работат. Нашата соработка е континуирана и на ТТФ има и мултидисциплинарна програма на која се преплетуваат знаења од повеќе области и секогаш се трудиме на нашите студенти да им овозможиме да имаат желба да ги изучуваат тие науки. Со Институтот имаме веќе повеќегодишна соработка, отворена е можноста тука наши студенти да доаѓаат на практична настава, на летна пракса, дополнително нашите студенти од втор и трет циклус студии кои се и заеднички во одреден сегмент, имаат можност да ги работат своите докторски и магистерски дисертации тука, така што за нас ова претставува голема можност што имаме еден ваков партнер во создавање на кадри кои навистина се потребни во вакви  области. Се надевам дека ваквите настани, како Неделата на моделирање и други слични, каде што можеме да се вклучиме и да покажеме на што можат нашите студенти да работат би биле предизвик за студирање на идни студенти на Технолошко-техничкиот факултет – изјави проф. д-р Винета Сребренкоска.

Технички секретар

Елвира Ристова
Тел: +389 032 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија

Студентски прашања

Сања Ристова
Тел: +389 32 550 083
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Игор Ефтимов
Телефон: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.