Електротехничкиот факултет и Соларната асоцијација на Македонија потпишаа Договор за соработка, со кој студентите на ЕТФ ќе можат да учествуваат во проектирање и изработка на соларни панели.

Ова, според Илија Насов, претседател на Соларната асоцијација на Македонија, е овозможено преку проект поддржан од УСАИД, насловен „Подобрување на вештините, производството и вработувањата во македонските микро, мали и средни претпријатија кои работат со соларна енергија и опрема“.

- Со овој договор студентите на Електротехнички факултет ќе можат во пракса да учат како се создаваат соларни панели. Ова се дел од напорите на Универзитетот за поголема вклученост на практичната настава во едукацијата, но и следење на современите трендови во техниката. Тоа е една од главните компоненти која нам како институција ни е потребна. Освен што се грижиме да имаме едуциран кадар, се грижиме и за неговата практична наобразба, но и за идното вработување. Процесот и користењето на обновливите извори на енергија е сектор кој во иднина треба многу да се развива во нашата држава. Вработувањето на кадрите кои се едуцираат во овој сектор исто така ќе оди во нагорна линија, затоа што Македонија се стреми кон влез во ЕУ, а производството на еколошка енергија, енергија од извори кои не се конвенционални, кои не се трошат, треба да биде наш предизвик, да се бориме за секој атом на енергија и да ги подготвиме идните генерации да ја бираат оваа струка - изјави проф. д-р Татјана Атанасова-Пачемска, декан на ЕТФ.

Договорот за соработка, според претседателот на Соларната асоцијација на Македонија Илија Насов, е логична последица на неопходноста на здружување на науката, производството, проектантите:

- Сончев систем не може да биде успешен ако не биде квалитетно проектиран, направен и монтиран. Студентите ќе бидат тие кои во иднина ќе бидат носители на овие активности, зашто во моментов еден од најголемите проблеми во соларната енергија се несертифицираните и недоволно обучени инсталатери.

Производството на соларни панели и нивната примена е сѐ поизразен тренд во државата, па и надвор од неа. Оттука, создавањето на високостручен кадар од оваа област е повеќе од потребно и токму овде најмногу ќе се почувствува бенефитот од соработката на Електротехничкиот факултет со Соларната асоцијација. Студентите полесно ќе се вклопуваат во моделот на кадри кои му се потребни на овој сектор, а компаниите ќе можат да учествуваат во создавањето кадри кои потоа ќе ги вклучат во своите тимови.

На овој начин, студентите ќе добијат практични знаења и вештини, а пазарот на трудот обучен кадар подготвен да се вклучи во работниот процес.

Секретар

Даниела Свиркова
Тел: +389 32 550 650
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 32 550 071    
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Данче Гркова
Телефон: +389 32 550 033
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Билјана Бојаџиска
Телефон: +389 32 550 594   
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Радовиш
Весна Конзулова
Телефон: +389 32 550 662
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.