На 22.11.2019 г. студентите на Електротехнички факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, под менторство на проф. д-р Драган Миновски и асистентите м-р Маја Кукушева-Панева и м-р Билјана Читкушева-Димитровска, имаа можност да ја посетат биогасната електрана „Електро шари” во Тетово.

Електраната е лоцирана веднаш до Живинарската фарма „Везе шари“ во чиј склоп се наоѓа и погон за пакување на јајца.

За производство на електрична енергија од страна на „Електро шари“ се користи биогас кој се добива со анаеробна дигестија на 40-50 тони биоотпад при температури од 47°C до 50°C. Инсталираната моќност на електраната е 1 MW. Целиот процес се набљудува преку SCADA систем преку кој во реално време, покрај останатите параметри, се следи и работата на генераторите. Произведената електрична енергија се предава на мрежа. На крајот од процесот се добиваат дестилирана вода и биолошко ѓубриво кое се користи во земјоделието.

„Електро шари“ е одличен пример за максимално искористување на отпадните материи кога станува збор за производство на електрична енергија без притоа да се загадува околината.

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 32 550 071    
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Данче Гркова
Телефон: +389 32 550 033
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Весна Конзулова
Телефон: +389 32 550 662
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.