ЕВН Македонија распишува Конкурс за стипендирање на 10 студенти од семејства со ниски приходи. Можат да аплицираат студенти од енергетските насоки на ЕТФ на УГД, енергетските насоки на ФЕИТ – УКИМ и Техничкиот факултет при УКЛО – Битола, чиј вкупен приход во семејството по сите основи не надминува нето износ од 430.000 денари.

Стипендијата е во износ од 10.000 денари месечно, во рок од 10 месеци (од 1.10.2023 г. до 31.7.2024 г.). Студентите кои аплицираат не треба да се корисници на стипендија или кредит од друга институција или компанија.

Кандидатите треба да испратат кратка биографија, потврда за редовен студент, уверение за положени испити, потврда за висината на приходите и изјава за некористење на стипендија или кредит од друга институција или компанија.

Комплетната листа на потребни документи, услови, начин на аплицирање можат да се најдат во Конкурсот. Рокот за аплицирање е 10.11.2023.

Конкурс за стипендија LOST од ЕВН (.pdf)

Технички секретар

Елвира Ристова
Тел: +389 032 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија

Студентски прашања

Сања Ристова
Тел: +389 32 550 083
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Игор Ефтимов
Телефон: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.