Техничките факултети при УГД (Машински, Технолошко-технички и Електротехнички факултет) ги отворија вратите за средношколците кои сакаат да се запишат на овие студиски програми. Деканот на Машински факултет, проф. д-р Ристо Кукутанов, истакна дека знаењата и контактите што студентите ќе ги добијат за време на студирањето на УГД ќе бидат неразделен дел од нивната иднина и ќе им помогнат да се реализираат на професионален и на приватен план.
Повеќе...Учесниците на Неделата на математичко моделирање, во организација на Технолошко-техничкиот и Електротехничкиот факултет на УГД, дел од предвидените активности ги реализираа на Институтот за роботика при компанијата „Микросам“.
Повеќе...Професорите на Електротехнички факултет при Универзитет „Гоце Делчев“- Штип, Сашо Гелев, Влатко Чингоски, Александар Туџаров, Василија Шарац, Слободан Бундалевски, како и студентите на втор циклус студии на факултетот Ивана Гичева и Марија Чингоска, учествуваа на 23. Mеѓународна конференција „ИТ’18“ која се одржува во Жабљак, Република Црна Гора.
Повеќе...Електротехничкиот факултет и Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ денес ја организираа првата Недела за математичко моделирање на овие простори.
Повеќе...