Професорите на Електротехнички факултет при Универзитет „Гоце Делчев“- Штип, Сашо Гелев, Влатко Чингоски, Александар Туџаров, Василија Шарац, Слободан Бундалевски, како и студентите на втор циклус студии на факултетот Ивана Гичева и Марија Чингоска, учествуваа на 23. Mеѓународна конференција „ИТ’18“ која се одржува во Жабљак, Република Црна Гора.
Шеста година по ред Електротехнички факултет учествува на оваа Меѓународна конференција. Студентите и професорите од Електротехнички факултет при УГД учествуваа со шест труда на оваа конференција. За време на конференцијата остварена е комуникација со голем број колеги кои работат на иста или слична проблематика. Од овие комуникации се најавува и подлабока соработка на ЕТФ со Електротехничкиот факултет во Подгорица и Електротехничкиот факултет во Белград.