
Електротехнички факултет беше дел од седмиот интернационален „First Lego League Challenge“, кој се одржа во Дајмонд мол.
Претставниците на факултетот, проф. д-р Билјана Читкушева-Димитровска, проф. д-р Тодор Чекеровски и лаборантите Маја Кукушева-Панева и Дарко Богатинов учествуваа како оценувачи и судии на овој настан, каде што младите иноватори и технички ентузијасти ги покажаа своите вештини во роботика и STEM области.
„First Lego League“ е глобален натпревар кој ги охрабрува учениците да се запознаат со новите технологии и да работат заедно на решавање на актуелни проблеми преку дизајн и програмирање на роботи. На овој настан, Електротехничкиот факултет активно учествуваше и ја потврди својата посветеност на развојот на младите таленти и идните инженери.