
Во организација на компанијата „Akuo“ во Тренинг центарот при Универзитетот „Гоце Делчев“ се одржа Работилница на тема „Развој на Штип преку поттикнување одржлив раст, земјоделство и транзиција кон зелена енергија“ на која учествуваа и професори и студенти од Електротехничкиот факултет.
Работилницата имаше за цел да го промовира зелениот и одржлив развој на општината преку размена на идеи и плодни дебати за користењето на обновливите извори на енергија како во електроенергетиката, така и во земјоделието што би придонело за развој на општината, но и зачувување на животната средина.