
Студентите на Електротехничкиот факултет имаа можност преку предавања од г. Антонио Видиќ, проектен менаџер во компанијата „Акуа“, да се запознаат со менаџмент на проектите од областа на фотоволтаични панели преку детални објаснувања кои ги покриваат сите фази на реализација на една фотоволтаична централа. На тој начин студентите стекнаа увид во предизвиците со кои се среќаваат инженерите по електротехника при практична реализација на проектите и како истите успешно да се надминат.
Големиот број на претставени примери од пракса ги надополнуваат стекнатите теоретски знаење во текот на студирањето.