
На 7 мај 2025 г. студентите од втора и од трета година на Електротехничкиот факултет реализираа теренска настава во хидросистемот Злетовица...
На 7 мај 2025 г. студентите од втора и од трета година на Електротехничкиот факултет реализираа теренска настава во хидросистемот Злетовица и фотоволтаичната централа Крупиште, под менторство на проф. д-р Сашо Гелев и дипл. инж. Дарко Богатинов.
Преку запознавање со SCADA системот во Злетовица и практичната изведба на дистрибуцијата и производството на електричната енергија, особено од обновливи извори на енергија се воспоставува мост помеѓу теоретските знаења и праксата со што нашите студенти се подготвуваат за професионалните предизвици кои ги очекуваат во избраната област на студирање.