
Професорите од Електротехничкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Драган Миновски и проф. д-р Василија Шарац, одржаа предавања на Словачкиот технички универзитет во Братислава, Факултет за електротехника и информациска технологија.
Предавањата беа одржани по покана на Факултетот за електротехника и информациска технологија при Словачкиот технички универзитет во Братислава, а темите беа: „Енергетската криза како клучна сила за забрзаната енергетска транзиција во Македонија и на Западен Балкан“ и „Енергетската ефикасност на електрични мотори во електрични инсталации“.
Престојот на Факултетот за електротехника и информациска технологија при Словачкиот технички универзитет во Братислава ја продлабочува соработка со Електротехничкиот факултет при УГД и отвора можности за понатамошна размена на искуства и идеи кои ќе придонесат за развој на двете институции.