
Во рамки на програмата Еразмус, проф. д-р Мустафа Текин од Kahramanmaraş Sütçü İmam Универзитет во Република Турција одржа предавање пред студентите на Електротехнички факултет на тема „Пловечки фотоволтаични панели“, со што студентите имаа можност да ги прошират своите знаења од областа на фотоволтаичните панели, односно начините на нивно поставување со цел подобро искористување на просторот и помало влијание врз животната средина.