На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип започна серијал на специјализирани работилници за обновлива енергија и одржливост, организирани во соработка меѓу техничките факултети на УГД, компанијата „АКОУ“ и Фондацијата „АКОУ“.

Работилниците се наменети за студентите од техничките факултети при УГД, со цел да стекнат знаења и практични вештини кои ќе можат да ги пренесуваат на идните генерации.

Секоја работилница е посветена на специфична тема од областа на чистата енергија, вклучувајќи:

  • Менаџирање со проекти за соларни електрани,
  • Складирање на енергија,
  • Агроволтаици и
  • Одржливост во обновливата енергија.

Настаните се одржуваат секој четврток од 11.00 до 14.30 часот, а учесниците кои ќе присуствуваат на сите сесии ќе добијат официјален сертификат за стекната експертиза.

Во рамките на работилниците гостуваат и експерти од индустријата, како Антонио Видиќ, проектен менаџер во „АКОУ“, кој сподели искуства од соларниот проект „Штипион“ со капацитет од 450 MW, еден од најголемите во регионот.

Посветеноста на „АКОУ“ за едукација ја истакна и Леа Насиф, претставничка на компанијата, која во својата изјава рече:

„Ние соработуваме со Универзитетот ‛Гоце Делчев‛ да почнеме иницијатива со студените да споделиме експертиза од ‛АКОУ‛ во делот на обновлива енергија и одржливо земјоделие. Ние започнуваме серија на четири работилници на темата обновлива енергија и одржливост. Ова е втората работилница. Се однесува на складирање на енергијата. Се обидуваме да ја споделиме експертизата на ‛АКОУ‛ за тоа како да ја чувате енергијата на најефикасен можен начин. Ние како компанија имаме успешно искуство на оваа тема и се обидуваме тоа искуство да им го пренесеме на студентите. Нашата цел е да ја споделиме експертизата и како студентите ќе добијат квалитетни вештини кои ќе ги користат во својот професионален живот. Исто така, сакаме да соработуваме со студентите, да разговараме со нив, да истражиме можности за идни вработувања, исто така. Нам ни требаат млади и талентирани луѓе кои ќе работат во делот на обновлива енергија“.

Работилниците претставуваат одличен пример за спојување на академската заедница со индустриската практика и отворање нови перспективи за професионален развој на младите во Северна Македонија.

Технички секретар

Елвира Ристова
Тел: +389 032 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија

Студентски прашања

Сања Ристова
Тел: +389 32 550 083
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Игор Ефтимов
Телефон: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.