
Д-р Матеј Ченки од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Словачкиот технички универзитет во Братислава во рамките на својот Еразмус престој на факултетот одржа предавање на тема „Отворени софтверски алатки во функција на проектирање на фотоволтаични панели на покриви“.
На ова предавање студентите имаа можност да се запознаат со различни видови на софтверски алатки од отворен тип, односно бази на податоци кои се достапни и во голема мера го олеснуваат и го прават процесот на проектирање на фотоволтаичните панели поефективен.
Предавањето овозможи проширување на знаењата во областа на фотоволтаичните панели, особено во однос на различните софтверски алатки од отворен тип кои се од големо значење во работата на проектантите на фотоволтаични панели.