Професорот д-р Стелиан Отелијан од Факултетот за инженерство и информациски технологии во Романија, во рамките на својот Еразмус престој, пред студентите од четврта година одржа предавање на тема „A pick and place application using the tech pendant for ABB robot programming“.
Студентите преку различни сценарија се запознаа со роботите и методите кои се користат за извршување на различни функции (поместување, ротирање и извртување на објекти). Со ова студентите видоа како геометриското моделирање и симулирање на објектите се реализира со помош на роботски раце во реални услови.
Студентите имаа можност да се запознаат со софтверските алатки и програмските јазици кои се применуваат за управување и контрола на роботи кои се користат во различни индустрии.
Предавањето беше одлична можност за проширување на знаењата во областа на роботиката, автоматиката и индустриските работи.