Електротехничкиот факултет при УГД, во рамките на својата соработка со ДСУ РЦСОО „Коле Нехтенин“ организираше Едукативна работилница по роботика и автоматизација.
Работилницата претставуваше одлична можност за продлабочување на знаењата на учениците преку директно запознавање со современи инженерски технологии. Во рамки на активностите учениците работеа со роботска рака, при што се стекнаа со основни сознанија за функционирање, управување и практична примена.
Преку демонстративни и практични вежби, тие ја согледаа важноста на роботските системи во автоматизацијата на индустриските процеси – особено во поглед на прецизност, ефикасност и сигурност во производството.
Работилницата ја реализираа проф. д-р Сашо Гелев и м-р Дарко Богатинов, кои преку интерактивен и стручен пристап овозможија успешно поврзување на теоријата со практиката.
Ваквите активности имаат клучна улога во поттикнување на интересот кај младите за техничките науки и нивниот понатамошен академски и професионален развој во областа на електротехниката, роботиката и автоматизацијата.




