Проф. Невен Дуиќ од Универзитетот во Загреб одржа предавање на тема Energy transition and the role of heating - Енергетската транзиција и улогата на системите за греење.
Предавањето овозможи детален увид во развојот на енергетската политика во Европа и пошироко, со посебен акцент на употребата на обновливи и еколошки горива во системите за греење. Беа претставени идните текови на развојот на енергетските политики кои во голема мера ќе допринесат за почиста и поздрава животна средина преку постепено намалување на употребата на фосилни горива, гасот како транзициско гориво, се до финалната фаза на употреба на еколошки горива. Здравата животна средина и намалувањето на климатските промени преку нови енергетски концепти се задача и на идните генерации на инженери, кои преку ваква соодветна едукација, ќе бидат подготвени да одговорат на предизвиците на новото време во енергетиката.