Студентите од Електротехнички факултет при Универзитет „Гоце Делчев” - Штип под менторство на проф. д-р Тодор Чекеровски, заедно со студентите од Машински факултет, ја посетија компанијата „Маркарт“ во Велес.

Компанијата „Маркарт“ е семејна компанија чие главно седиште се наоѓа во Германија. Во оваа компанија се произведуваат електромеханички и електронски прекинувачи и преклопни системи за автомобилската индустрија. Нивните производи се застапени во домаќинствата, автомобилската индустрија и во многу други индустрии. „Маркарт“ произведува делови за неколку од најпознатите германски брендови како „Мерцедес”, „Ауди” и „БМВ”. Оваа компанија има повеќе од 10.000 вработени на светско ниво и е застапена на 19 локации на 4 континенти. Студентите имаа можност да се запознаат со работата на секој оддел во оваа компанија, начинот на производство на деловите за автомобили, начинот на пакување, обработката на пластика, лабораторијата за контрола на квалитет, одделот за транспорт, магацинот на компанијата и со одделот за електроника. Исто така, имаа можност да ги видат и модерните роботски машини со кои располага компанијата.

Технички секретар

Елвира Ристова
Тел: +389 032 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија

Студентски прашања

Сања Ристова
Тел: +389 32 550 083
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Игор Ефтимов
Телефон: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.