Компанијата „Маркарт“ донираше опрема од областа на автоматиката на Електротехничкиот факултет. Опремата вклучува програмибилни логички контролери и сервомотори и ќе придонесе за квалитетно изведување на практичната настава на факултетот. 

Воедно ова претставува проширување на соработката со компанијата „Маркарт“ започната уште пред три години.

Ние започнавме иницијална соработка со УГД пред три години, со примање на студенти кај нас на пракса, и чест ни е што оваа година одлучивме да донираме опрема. Традиционално секоја година донираме опрема за средните училишта, за факултетите, и се надеваме дека и со оваа донација ќе придонесеме за унапредувањето и развојот на образовниот систем кај нас. Ова е машина за автоматизација и се надеваме дека ќе се искористи практично во процесот на едукација на студентите, кои очекуваме да станат наши идни вработени. Се надеваме дека од ЕТФ ќе произлезат добри кадри кои ќе ги водат процесите на производствена работа кај нас – изјави Тања Пенкова од „Маркарт Македонија“.

Договорот за донација и за соработка го поздрави и ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, истакнувајќи дека ова е одлична можност за поврзување на факултетите со бизнис секторот.

Ние сме благодарни на оваа донација, и мислам дека и понатаму ќе продолжи ваквата соработка во интерес на тоа да им пренесеме подобро знаење на студентите и да направиме подобар производ за индустријата. „Маркарт Македонија“ предава една мултинаменска машина во делот на автоматизациските процеси кои се изучуваат на Електротехничкиот факултет и ова е значаен момент за поврзување на факултетите со бизнис секторот – изјави ректорот Боев.

Деканката на ЕТФ, проф. д-р Василија Шарац, смета дека факултетот ќе има голем бенефит.

Ќе може да се изведуваат практични лабораториски вежби, бидејќи ова е опрема која е софистицирана, во себе опфаќа различни елементи на автоматика, протоколи, пеелциња, и на тој начин нашите студенти ќе можат да работат на едни реални процеси и да се подготвуваат на она што ги чека како идни електроинженери при нивното вработување во компанија како „Маркарт“ или слична на неа – вели деканката Шарац.


Технички секретар

Елвира Ристова
Тел: +389 032 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија

Студентски прашања

Сања Ристова
Тел: +389 32 550 083
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Игор Ефтимов
Телефон: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.