Во рамките на соработката на Електротехничкиот факултет и компанијата ЕВН Македонија , на Електротехничкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беше организирана работилница за студенти.
Сашо Стојковски, инженер и член на Управниот одбор на ЕВН Македонија на присутните студенти им ги претстави програмите за практикантска работа, како и за стипендирање и можностите за вработување. Според деканката на ЕТФ, проф. д-р Василија Шарац, овој настан е дел од заложбите на СТФ и ЕВН Македонија да ја издигнат меѓусебната соработка на уште повисоко ниво, во интерес на студентите кои на таков начин полесно би се реализирале себеси по завршувањето на студиите.