Врз основа на потпишаната Спогодба за соработка меѓу ЕВН Македонија АД, Скопје од една страна и Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип  од друга страна се распишува конкурс за доделување стипендија за студентите на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Електротехнички факултет.

Со стипендирање на 1 (еден)  студент, ЕВН Македонија ќе даде свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручен и на квалитетен кадар од областа на енергетиката, и воедно ќе им се даде стимул на идните студенти за запишување на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип .

Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студентите запишани прв пат, во прв или трет семестар, во студиска 2020/2021 година на Електротехничкиот факултет.

Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Изборот и селекцијата на кандидатите ќе го изврши Комисија за стипендирање.

Обврски на корисникот на стипендијата:

  •  Да достави потврда за редовен студент запишан во зимски семестар за студиската 2021/2022;
  • Да достави уверение за положени испити до датумот на аплицирање,
  • Да достави изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
  • Да достви изјава за обработка и користење на лични податоци на кандидатот и неговото потесно семејство
  • Студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8.0;
  • Други обврски пропишани во Договорот за стипендирање. 

Начин на аплицирање:

Заинтересираните студенти е потребно:

  • Да потполнат aпликација/прашалник подготвен од страна на ЕВН Македонија АД,Скопје
  • Да подготват Есеј на тема „Мојата иднина како електро инженер“

Сите потребни документи треба да се испратат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 15.10.2021.

Напомена: големината на мејлот треба да е мах. до 4 MB, ако мејлот е поголем од 4 MB, документите испратете ги во 2 посебни мејла

 

 

 

 

 

Технички секретар

Елвира Ристова
Тел: +389 032 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија

Студентски прашања

Сања Ристова
Тел: +389 32 550 083
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Игор Ефтимов
Телефон: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.