Студентите на Електротехнички факултет при УГД, заедно со нивниот ментор ас. м-р Далибор Серафимовски, на 10 мај го посетија новоотворениот музејско-изложбен центар на ХЕЦ „Матка“, изграден и отворен за посета од страна на австриската компанија ЕВН.
Ова е првиот изложбен центар за историјата на развојот на производството на електрична енергија во земјава и во регионот, кој е сместен во автентичниот и оригинален простор на старата хидроцентрала „Матка“.
Изложбениот центар ја раскажува историјата на електричната енергија во Македонија, како и промените што настанале со електрификацијата. Истовремено преку иновативен мултимедијален пристап експонатите во изложбениот центар „Матка“ нудат уникатна можност за едукација и интеракција на студентите. Нашите студенти на Електротехнички факултет се вратија со доза искуство, што е мотивација за останатите студенти во блиска иднина да го посетат едукативниот центар.