Во организација на проф д-р Сашо Гелев и доц д-р Тодор Чекеровски се изведе теренска настава за студентите од четврта година при ЕТФ во Хидросистемот Злетовица во општина Пробиштип.

За време на посетата студентите имаа можност да се запознаат со структурата на јавното претпријатие Хидросистем Злетовица, а во главната зграда имаа можност да се запознаат со SCADA системот со помош на кој се врши мониторинг, контрола и управување со водоснабдувањето на општините Пробиштип, Свети Николе и Штип.

На местото наречено зафат три, студентите практично видоа како се врши управувањето со водата користејќи мотори кои може и далечински да се управаат, различни сензори и други актуатори. Студентите ја посетија и браната Кнежево кој претставува капитален објект на Хидросистемот Злетовица.

До сега е завршена првата фаза која опфаќа снабдување со вода за пиење. Втората фаза е наводнување, а третата фаза е изградба на три хидроцентрали за производство на електрична енергија. Студентите имаа можност теоретското знаење кои го имаат стекнато за време на школувањето сега во пракса да го видат.

Технички секретар

Елвира Ристова
Тел: +389 032 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија

Студентски прашања

Сања Ристова
Тел: +389 32 550 083
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Игор Ефтимов
Телефон: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.