Врз основа на потпишаната Спогодба за соработка меѓу ЕВН Македонија АД, Скопје од една страна и Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип од друга страна се распишува конкурс за доделување стипендија за студентите на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Електротехнички факултет.
Со стипендирање на 1 (еден) студент, ЕВН Македонија ќе даде свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручен и на квалитетен кадар од областа на енергетиката, и воедно ќе им се даде стимул на идните студенти за запишување на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип .
Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студентите запишани прв пат, во прв или трет семестар, во студиска 2021/2022 година на Електротехничкиот факултет.
Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од обврските пропишани во Договорот за стипендирање.
Изборот и селекцијата на кандидатите ќе го изврши Комисија за стипендирање.
Обврски на корисникот на стипендијата:
- Да достави потврда за редовен студент запишан во зимски семестар за студиската 2022/2023;
- Да достави уверение за положени испити до датумот на аплицирање,
- Да достави изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
- Да достви изјава за обработка и користење на лични податоци на кандидатот и неговото потесно семејство
- Студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8.0;
- Други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.
Начин на аплицирање:
Заинтересираните студенти е потребно:
- Да потполнат aпликација/прашалник подготвен од страна на ЕВН Македонија АД,Скопје
- Да подготват Есеј на тема „Мојата иднина како електро инженер“
Сите потребни документи треба да се испратат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 14.10.2022.