ЕВН објави оглас за практикантска работа на кој можат да се пријават студентите на Електротехнички факултет - Електроенергетика и обновливи извори на енергија, факултетите за информатичка технологија, правни науки, за економски науки и слично.
Огласот е активен во текот на целата година, а од ЕВН велат дека првото професионално искуство во ЕВН може да се стекне како студент. „Ви нудиме интересни активности, работа со ментор, обуки, дружење, нови вештини, одлична можност за практична имплементација на наученото“ – велат од ЕВН.
Заинтересираните студенти праксата ќе можат да ја извршуваат во:
- Кориснички енергоцентри (КЕЦ): Скопје, Куманово, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани, Делчево, Тетово, Гостивар, Кичево, Прилеп, Битола и Струга;
- Оддели во Скопје: Човекови ресурси и организација, Право и осигурување, Планирање и набавка на енергија, Информатички и телекомуникациски технологии, Оперативен контролинг, Високонапонски постројки, Билинг.
Праксата ќе се одвива во текот на целата година. Времетраењето на практикантската работа е од 1 месец со можност за продолжување до 3 месеци, во зависност од желбите и од интересите на практикантите.
Практикантите ќе добиваат надомест на трошоци за практикантската работа во износ од 10.000 МКД.
Може да се аплицира на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , со назнака „За пракса“, најдоцна до 17.5.2023 година.
Од ЕВН напоменуваат дека во согласност со Законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и да се користат исклучително за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следниот линк https://www.evn.mk/TopMenu/Career.aspx .