Во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на 9.6. и 10.6.2023 г. се одржа собир „Први денови на електроинженери“.
Свое претставување имаше и Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ со учество на: проф. д-р Драган Миновски, проф. д-р Гоце Стефанов, проф. д-р Тодор Чекеровски и проф. д-р Василија Шарац со предавања на следните теми:
1. Енергетска ефикасност на електрични уреди
2. IoT Smart Energy DC Meter
3. V/F AC Motor Controller based on Intelligent Power Module
4. Исплатливост на фотоволтаични системи поставени на индустриски објекти и домаќинства.
Се надеваме дека манифестацијата ќе прерасне во годишен собир кој ќе биде форум за размена на идеи и искуства и мост помеѓу теоријата и праксата.