Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија примарна дејност е дистрибуција на електрична енергија на територијата на целата држава. Најважната цел ни е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија.

        Електродистрибуција ДООЕЛ објавува Повик за учество во нивната Програма за учење и развој. Повикот е наменет за апсолвенти или штотуку дипломирани инженери од областа на електроенергетските системи. На заинтересираните кандидати им се нудат одлични можности за работа, а од Компанијата очекуваат отвореност, посветеност, дисциплинираност, конструктивен пристап, способност за приспособување на различни ситуации и средини, како и подготвеност за работа во различни градови во државата.

На кандидатите ќе им биде понуден договор за вработување на една година, со можност за продолжување на договорот, како и менторски систем, директно вклучување во работниот процес и специјализирани обуки од долгогодишни експерти во областа. Нето примања од најмалку 43.000 денари по успешно завршување на програмата.

Примените кандидати задачите ќе ги извршуваат во кориснички енерго центри во Струга, Гостивар, Тетово, Куманово, Кавадарци и во Струмица. Програмата трае 12 месеци и вклучува ротации во должина од шест месеци во 2 различни кориснички енерго центри.
 Студентите кои сакаат да аплицираат треба да испратат биографија, мотивациско писмо и потврда за положени испити на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,  со назнака „ИГЕВН” најдоцна до 25.10.2023 г.

Технички секретар

Елвира Ристова
Тел: +389 032 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија

Студентски прашања

Сања Ристова
Тел: +389 32 550 083
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Игор Ефтимов
Телефон: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.