Трoјца талентирани студенти од Електротехнички факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип добија стипендии од АД ЕСМ како дел од практиката за поддршка на образовниот процес и вложување во младиот потенцијален кадар.
Стипендиите се во износ од 80.000 денари годишно и се доделуваат еднократно за една академска година. Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, а стипендиите се продолжуваат еднаш годишно врз основа на исполнување на утврдени критериуми пропишани во договорите за стипендирање, што, пак, се услов за продолжување на стипендиите.