Електротехнички факултет се јави како кoорганизатор на „Фрст лего лига“ со повеќе од 180 учесници.
Настанот се одржа во Спортската сала „Јордан Мијалков“. Оваа година имаше 22 тима и победникот ќе учествува на Светското првенство во Масачусетс, САД, од 7 до 9 јуни.
Натпреварувањето е под закрила на ООН, која за оваа година ја одреди тематиката на иновативни проекти на места за рекреација со помош на новите технологии.