На 1 март 2024 година студентите од трета и четврта година на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип реализираа теренска настава под менторство на проф. д-р Тодор Чекеровски, проф. д-р Влатко Чингоски, проф. д-р Драган Миновски и лаб. Дарко Богатинов.
Наставата започна во АД МЕПСО, каде што студентите имаа можност да се запознаат со начинот на одржување, планирање и ефикасно управување со електропреносниот систем, преку размена на податоци помеѓу диспечерскиот центар и електроенергетските постројки. Потоа студентите се упатија кон Регулаторната комисија за енергетика, каде што се запознаа со нејзините основни дејности на пазарот со електрична енергија.
Наставата заврши во АД ЕСМ, како најголем домашен производител на електрична енергија, со посета на диспечерскиот центар за координирање и управување со производните објекти преку SCADA систем.