Mихаил Павловски, студент во прва година на Електротехнички факултет на насока Електроенергетика и обновливи извори на енергија, учествуваше на проектот „ИноКамп 3", поддржан од Lead, UNICEF и Sverige SWEDEN.

Овој настан се одржа во период од 23 до 25 февруари 2024 г. во Кавадарци на тема „Креирање модел на одржливо училиште”. На овој настан учествуваа пет тима.

Михаил Павловски: „Решението на мојот тим се базира на употреба на PBR (Photobioreactor) технологија која веќе е истражена и наоѓа примена во секојдневниот живот, а како главен природен ресурс се употребуваат алги.

Пример за тоа е веќе изведено решение на зграда која се наоѓа во Хамбург, Германија. Нашиот модел, конкретно, ја користи оваа технологија како термоизолација, при што аквариумите со алги се поставуваат на надворешната страна на училиштето, кои по завршување на нивниот животен век се искористуваат како органско ѓубриво. Вториот дел од решението е употреба на агрофотоволтаици. Агрофотoволтаиците го користат земјиштето за поставување на соларни панели, но и за производство на земјоделски култури, како лозје, малини, посеви со житни култури и слично. На овој начин се задоволуваат потребите за добивање на електрична енергија од обновливи извори на енергија без да се уништува земјоделското обработливо земјиште“.

 

Технички секретар

Елвира Ристова
Тел: +389 032 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија

Студентски прашања

Сања Ристова
Тел: +389 32 550 083
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Игор Ефтимов
Телефон: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.