Студентите од Електротехнички факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип реализираа дводневна теренска настава под менторство на професорите Тодор Чекеровски и Сашо Гелев.

Ден 1 (11.4.2024 г.): Наставата започна во Ветерниот парк „Богданци“, каде што студентите имаа можност да се стекнат со практични и теориски знаења поврзани со искористувањето на ветерната енергија за производство на електрична енергија. Од таму студентите се упатија кон РЕК Битола каде што се запознаа со начинот на работа на термоелектраната.

Ден 2 (12.4.2024 г.): Наставата се одвиваше во Хидролошката станица кај браната „Глобочица“ и Хидроелектраната „Глобочица“, каде што студентите имаа можност да се запознаат со работата на системот и контролната станица за далечинско управување преку SCADA. Теренската настава заврши со посета на РЕК „Осломеј“, каде што студентите можеа да видат каде се ископува јагленот и да ја видат новата фотоволтаична централа.

Технички секретар

Елвира Ристова
Тел: +389 032 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија

Студентски прашања

Сања Ристова
Тел: +389 32 550 083
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Игор Ефтимов
Телефон: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.