Проф. д-р Стелијан-Емилијан Олтеан од Faculty of Engineering and Information Technology на Универзитетот „George Emil Palade“ во Р. Романија во рамки на програмата за ЕРАЗМУС мобилности реализира престој на Електротехничкиот факултет при УГД и одржа предавање на тема „Вовед во математичко моделирање на линеарна временски непроменливи системи”.
Студентите имаа можност преку бројни примери од електротехниката, но и од секојдневниот живот да се запознаат со математичкото моделирање на контролните системи и нивната примена во разни сектори во индустријата. Особен интерес предизвикаа видеоклиповите со различни примери на роботски и контролни системи кои се реализираат како лабораториски вежби на Универзитетот „George Emil Palade“.