Професорите Драган Миновски, Тодор Чекеровски, Билјана Читкушева-Димитровска и Василија Шарац, како и постдипломците Сара Анева и Марија Штерјова, заедно со група студенти од прв циклус студии учествуваа на „Macedonian Energy Forum 2024“, каде што имаа можност да се запознаат со енергетските стратегии, транзицијата кон зелена енергија и идните насоки за развој на електроенергетскиот сектор.
Студентите имаа можност да се запознаат со можностите што ги нудат обновливите извори на енергија и нивното значење во ефикасното производство и користење на електричната енергија.