Во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери во Битола на 14-15 јуни 2024 г. се одржаа Втори денови на електроинженери.
Главна тема на собирот беа електроенергетските мрежи. Во тек на овие два дена учествуваа бројни претставници од електроенергетските компании, но и од академската заедница. Со своите претставници проф. д-р Драган Миновски и проф. д-р Василија Шарац, Електротехнички факултет при УГД се претстави со две предавања: Влијание на различни типови на потрошувачи врз електричните мрежи и Интегрирање на ФВЦ на дистрибутивно ниво за Западен Балкан.