Во организација на Здружението на енергетичари на С. Македонија се одржа Меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“, која претставува форум за споделување и размена на искуства и планови од областа на енергетиката на регионално и глобално ниво.

Kонференцијата се одржа од 2 до 4 октомври во Хотел „Дрим“ во Струга на која учествуваа претставниците од Електротехнички факултет при УГД: проф. д-р Драган Миновски, проф. д-р Тодор Чекеровски, проф. д-р Билјана Читкушева-Димитровска, како и постдипломецот м-р Сара Анева, постдипломецот дипл. инж. Младен Митковски и студентката Сара Костевска. Како дел од конференцијата беа презентирани следниве трудови:

  • „Оптимизација на пумпно-акумулационата хидроелектрана ПАХЕ ’Ташмаруништа’ со интегрирање на фотоволтаична електрана во околината на Церов Дол“ - автори: Сара Анева, Драган Миновски, Василија Шарац и Антон Чаушевски;
  • „Мерки за енергетска ефикасност на стар јавен објект во Штип кон близу нула-енергетски објект“ - автори: Сара Анева, Драган Миновски, Антон Чаушевски и Софија Николова-Поцева;
  • „Паметен град" - автори: Сара Костевска, Билјана Читкушева-Димитровска, Тодор Чекеровски, Марија Чекеровска и Сара Сребренкоска;
  • „Примена на Matlab/SIMULINK за анализа на фотоволтаичен систем со батерии“ – автори: Младен Митковски, Влатко Чингоски;
  • „Компаративна анализа на фотоволтаична постројка за домаќинство со и без батериски систем" - автори: Младен Митковски и Влатко Чингоски.

Нашите претставници имаа можност активно да учествуваат на конференцијата и да се запознаат со најновите трендови и иновации во електроенергетиката и паметните мрежи, а од друга страна особена чест и задоволство ни е што со своите излагања придонесоа преку креативни идеи и темелни анализи за унапредување на електроенергетскиот сектор.

Технички секретар

Елвира Ристова
Тел: +389 032 550 900
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р. Северна Македонија

Студентски прашања

Сања Ристова
Тел: +389 32 550 083
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Игор Ефтимов
Телефон: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.